Некој меѓу нас не е наш!

0
1015

На битолската опозиција сѐ нешто не ѝ чини. Кривична пријава против градоначалникот Талески. Па уште една. Ја сопреа продажбата на Офицерскиот дом. Побараа негово враќање под капата на Општината. Со конкретни показатели и бројки ја критикуваат работата на јавните претпријатија. Го кренаа гласот против партизацијата на Советот на млади каде ВМРО-ДПМНЕ инфилтрира свои високи функционери…

И така секој ден. Аферите и криминалот на аздисаната власт, битолските социјалдемократи им ги сервираат „на тацна“ и на граѓаните на Битола, и на целата држава. Како што ѝ личи на секоја одговорна опозиција. Впрочем, што е работа на опозицијата ако не жестоко да ја критикува власта? Особено кога и на локално и на централно ниво имате работа со клептоманска власт како актуелната.

Арно ама, изгледа дека некои тоа или не го сфатиле, или пак не сакаат да го сфатат. Оти ако битолчани секојдневно го скенираат работењето на Талески, прилепчани Ристески не го ни спомнуваат!

Во една таква ситуација се наметнува прашањето: да не случајно во државава постојат два политички субјекти под името СДСМ?

Едниот, составен од храбри, одлучни, одважни партиски активисти со социјалдемократска идеологија предводени од Заев, кои ставајќи на коцка сѐ што стекнале во животот, вклучително и личната безбедност, секојдневно ја бијат битката со портокаловата банда.

Другиот, окупиран од кукавици, „ќутолози“ и ситни души кои две и пол години не прават ништо освен што чекаат Заев и Катица да го турнат ВМРО-ДПМНЕ, а тие следниот ден да се вдомат во пратеничките клупи, министерските кабинети или директорските фотелји.

Пишува : Зоран Милошоски

Повеќе на РеволуционерМк ОВДЕ