„Левица Единство“ против „Левица“: Не го прифаќаме нелегалното работење на моменталниот состав на Президиумот и нелегалниот Централен комитет на партијата

0
1412

Левица Единство во рамките на политичката партија Левица соопшти дека продолжува со остварување на своите цели – враќање на демократските процеси во партијата, почитување на Статутот и правилно функционирање на раководните тела.

„Во минатите неколку месеци сведоци сме на носење погрешни одлуки кои не се потврдени од мнозинството членови, а се донесени спротивно на Статутот и без кворум. Двајца диктатори вметнати во Президиумот и неколку нивни поддржувачи манипулираат со дел од членството и јавноста. На неистомислениците им се закануваат со бркање од Левица, своеволно ги исклучуваат од било кои органи на партијата и се брише секој нивен јавен запис. Левица Единство нема да го прифати нелегалното работење на моменталниот состав на Президиумот и нелегалниот Централен комитет и било која одлука донесена на ваков начин. Продолжуваме со активностите за падот на режимот, враќање на демократските процеси во и надвор од партијата, регрупирање на членството и насочување на Левица кон вистинскиот пат и единството во партијата“, се наведува во соопштението на Левица Единство.