ЗАПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ Е-ИНСПЕКТОР, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ РАНГИРААТ ФИРМИТЕ СПОРЕД УТВРДЕНИ ПРОПУСТИ И НИВОТО НА РИЗИК ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ ДАНОЦИ

0
962

“Имплементацијата на електронскиот систем е-инспектор започнува со вклучување на 3 клучни инспекторати: Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот управен инспекторат. Останатите инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет етапно ќе се приклучуваат на софтверот, така што сите 28 инспекторати ќе бидат електронски поврзани” – изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

“Со овој систем се намалува човечкиот фактор и се елиминира субјективниот пристап на инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на контрола, генерирање на записници од инспекциската контрола и самото издавање на решение на крајот ќе бидат електронски, со што човечкиот фактот ќе биде изземен” – изјави вицепремиерот Николовски.

Инспекторот нема да може сам да одлучува во која фирма ќе врши контроли. Софтвер ќе ги рангира фирмите со високо, средно и ниско ниво на ризик.

“Ова е фер пристап, затоа што фирмите кои ги почитуваат законите и плаќаат данок, нема да бидат оптеретени со постојани редовни контроли, а оние кај кои претходно биле детектирани пропусти соодветно ќе се контролираат” – изјави Николовски.

Овој механизам треба да ја испрати пораката дека нема недопирливи и не може да се избегне плаќање на данок.