БУГАРИЈА ЈА ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ СМИСЛАТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ЕУ, ТИТО ПЕТКОВСКИ: БУГАРИЈА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ЛОШО ДЕТЕ ВО ЕУ

0
1153

“Бугарија игра крајно деструктивно и ја довeдува до прашање самата смисла на постоењето на ЕУ. Делува како некое галениче во ЕУ и мислам дека таа е и срам за Европската Унија” – рече Тито Петковски од НСДП во интервју.

ЕУ сепак има механизми на располагање за да ги дисциплинира своите членки, а тоа неодамна беше случај со Полска.
“Сметам дека во овој момент во Бугарија има поволна клима, со самите изјави на двајцата можни нови премиери. Се формира сосема друго опкружување и тој притисок од САД не ќе може да се издржи, а Бугарија во моментов се однесува како лошо дете во ЕУ и крајно некоректно кон Северна Македонија” – рече лидерот Петковски.