ЗАПАДНИОТ БАЛКАН МОРА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА, КАНЦЕЛАРКАТА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ГИ ВОДИ КОН ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
894

“Убедена сум дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа” – изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред виртуелниот самит на Берлинскиот процес закажан во понеделник.

Таа е среќна поради тоа што ќе продолжи да работи со шефовите на држави и влади од Западен Балкан преку Берлински процес. Постигнато е многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, кој дава конкретен придонес кон стабилноста во регионот, мирот и дијалогот.

“Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тоа е дел од Европа, каде раните од војната се уште не се залечени, а голем број граѓани од таа област живеат и во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој во тој дел на Европа” – истакна канцеларката Меркел.

Подолго време се сметаше за невозможна размената на студенти од различни религии и етникуми. Меѓусебното признавање на дипломите, соработката во науката, како и напредокот во инфраструктурните проекти ја зајакнуваат прекуграничната размена меѓу граѓаните од регионот и надминувањето на предрасудите.

“Сето ова ги води земјите од Западен Балкан напред кон заедничката цел за исполнување на условите за членство во ЕУ. Убедена сум дека порано или подоцна, нивната иднина навистина ќе биде во обединета Европа” – истакна Меркел.