ПРОВЕРУВАЈТЕ ДАЛИ СТЕ ДОБИЛЕ ТЕРМИН И НА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ИМАМЕ ДОВОЛНО ВАКЦИНИ, СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ

0
939

Министерството за здравство објави дека системот Мој термин и во текот на денешниот ден испраќа известувања до граѓаните кои се пријавени за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk.

“Термини за вакцинирање се креираа синоќа до 22 часот. Како не би се вознемирувале граѓаните доцна во ноќта со испраќање пораки, тие се испраќаат и во текот на денот. Освен известување на мобилен телефон, граѓаните може известување да добијат и на нивната имејл адреса, а може да проверат за термин и на vakcinacija.mk” – соопшти МЗ.

Сите граѓани кои изразија желба за вакцинација, ќе се вакцинираат. Процесот оди многу брзо и МЗ располага со голем број вакцини. Наскоро се очекуваат и нови пратки вакцини од различни производители.