(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НОВОГОДИШНИТЕ ПОДАРОЦИ ГИ ИЗРАДУВАА ДЕЧИЊАТА НА БРАНИТЕЛИТЕ ОД ПРИЛЕП

0
651

На 30.12.2021 како последен ден од старата година дечињата на бранителите од ЗРВО 2000-2001-ва во просториите на здружението беа израдувани со новогодишни подароци и фотографии со Дедо Мраз. Како и секоја година во просториите на здруженето на бранителите од Прилеп така и оваа но со почитување на Ковид-19 мерки дечињата на бранителите традиционално беа израдувани.

Бранителите и членовите на ова здружение им ја честитаат новата 2022 година на сите граѓани и им посакаа здравје, успех и среќа во новата година.