(ВИДЕО) ПОРТПАРОЛОТ НА СДСМ, КОСТАДИНОВ ЖЕСТОКО ГО ЗАЛУПА ГЕРО ЗА НЕГОВИТЕ КЛЕВЕТИ : Toj наместо да ги пријави доказите во ОЈО, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни

0
1360

Портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов денеска се обиде да објасни што сакал премиерот Зоран Заев да каже кога синоќа рече „еден суетен новинар“.

– Го знаеме добро, односот на оваа влада спрема медиумите, спрема новинарите. Знаеме дека институциите, од доаѓањето на оваа влада, не служат како алатка за репресија кон новинарите. Ги знаеме светските индекси кои што ја мерат слободата на изразување, слободата на говор, кажуваат и покажуваат реален раст во однос на слободата на изразување. Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување. Апсолутно, кога се однесува за нешто, каде што некој новинар вели дека имал докази и притоа истите докази не ги пријавил во обвинителството.

Туку, наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни. Веројатно, во таа смисла, беа искажани и зборовите „суетен новинар“. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува – објасни Костадинов.

На новинарското прашање дали како пратеник ќе се огради од изјавата на премиерот Зоран Заев која што во најмала рака беше непристојна, тој рече:

– Суштината во изјавата на претседателот и премиер, Зоран Заев, беше многу јасна и многу гласна. Дека конечно правда во Македонија ќе има. Дека правна држава конечно ќе профункционира. Без разлика кој го правел криминалот, без разлика дали се политички обоени или не се, секој кој што се огрешил пред законот, ќе одговара.