ВЛАДАТА УТВРДИ ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА ДО 9-ТИ ЈУНИ 2022 ГОДИНА: ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНА ДО СОБРАНИЕ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ И УСВОЈУВАЊЕ

0
923

Владата на денешната 123-та седница, го утврди текстот на Предлог-одлуката за продолжување на рокот за траење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со тој потег му се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, т.е. до 9-ти јуни 2022 година.