Јованоски : Во текот на нашата вчерашна посета на манастирот Трескавец, заедно со премиерот Зоран Заев однесовме убава вест, за водоснабдувањето на манастирот издвоени се средства во висина од 5,5 милиони денари

0
765
Во текот на нашата вчерашна посета на манастирот Трескавец, заедно со премиерот Зоран Заев однесовме убава вест. Имено, за водоснабдувањето на манастирот издвоени се средства во висина од 5,5 милиони денари.

Тоа е прекрасна вест, затоа што овој манастир е од исклучително духовно и културно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целата држава.

Манастирските конаци се целосно обновени, а отворени се и можностите во рамките на програмата на Министерството за култура да се вклучи и поддршка за реставраторските работи на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, со цел да се заштитат вредните артефакти од 13 век.

Продолжуваме да го негуваме нашето вредно културно, духовно и историско наследство.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски