ДО УТРЕ ЌЕ ЗАВРШАТ ДНК АНАЛИЗИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА, ФИЛИПЧЕ: НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАН И ТРАНСПОРТ НА ЗАГИНАТИТЕ ДО СКОПЈЕ

0
834

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека до утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија и потоа ќе се организира транспортотот до дома.

“Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите” – рече министерот Филипче.