ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА НЕ Е ИГРАЧКА: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН ЈАВНО ПОБАРА ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ И НЕПРОФИТНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ДА БАРААТ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ОД СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ

0
1384

Американскиот претседател Џо Бајден јавно ги повика приватните компании во САД да побараат од своите вработени да се вакцинираат против Ковид-19 откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на вакцината Фајзер за лица над 16 години.

“Ако сте сопственик на приватна фирма, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекал одобрување од ФДA за да побара вакцинација, ви велам: сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација” – изјави претседателот Бајден.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Министерството за одбрана ќе издаде ново упатство со обврска за задолжителна вакцинација на припадниците на армијата.