ПАРТИЈАТА ЦДУ НА МЕРКЕЛ ГУБИ ПОДДРШКА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: ВО МРТВА ТРКА ЗА ВЛАСТА КОНКУРЕНТНИ СЕ И СПД И ЗЕЛЕНИТЕ

0
802

Анкетите во Германија регистрираат постојан пад на поддршката за демохристијаните, чиј кандидат за канцелар е Армин Лашет, по заминувањето на Меркел од функцијата.

Демохристијаните (ЦДУ) имаат поддршка од 24% од населението, а имаа 29% пред еден месец. Социјалдемократите (СПД) се засилени со високата популарност на нивниот кандидат за канцелар, министерот за финансии Олаф Шолц и скокнаа од 16% на 20%. Зелените имаат цврста поддршка од 18%.

Според неделниот барометар објавен од весникот “Билд ам Зонтаг” викендов, и демохристијаните и СПД имаат поддршка од 22%, а Зелените – 17%.

Таков сооднос би ја искомпликувал коалициската математика во Германија. Тоа може да донесе трипартиска коалиција по долго време.

Многу политичките аналитичари се предвидува спојување меѓу демохристијаните, Зелените и Слободните демократи (ФДП). Ако демохристијаните не успеат да добијат мандат со убедлива победа, тогаш Зелените ќе бидат под притисок од нивната база за градење на коалиција со идеолошки поблиските партии – СПД и Левица.

Друга можна комбинација е таа со СПД, ФДП и Зелените, позната како “семафор”. Трета комбинација би биле ЦДУ, СПД и ФДП. Секоја од потенцијалните коалиции има свои математики и преговорите би траеле многу подолго од денот на изборите на 26-ти септември.

Најголемото изненадување на кампањата досега беше растот на СПД. Шолц како нејзин лидер има корист и од погрешните чекори на неговите главни ривали – Лашет и лидерката на Зелените, Аналена Бербок, и од неговиот статус како единствен кандидат со долго учество во извршната власт. Поранешниот градоначалник на Хамбург, Шолц со децении беше дел од германската политика и му веруваат избирачите. Умерениот Шолц се смета за најдобра замена за Меркел.

“ЦДУ и ЦСУ треба да се одморат во опозицијата. Тие управуваа со оваа земја доволно долго” – рече Шолц.