ОД ДЕНЕС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ УСОГЛАСИ СО ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТИВИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА УПОТРЕБА НА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

0
1146

Денес стапува на сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да се прилагодат на промените компаниите и институциите. Со овој закон се усогласуви Северна Македонија со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

“Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Република Северна Македонија почнувајќи од 24 август 2021 година, започнува со целосна примена новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа од една страна овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската унија во оваа област” – објавија од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).