СО БЕЗБЕДЕН ПРИСТАП И ПРЕПОРАКИ ОД МЗ И КЗБ ЗА НАСТАВА, ЦАРОВСКА: ОД ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ЌЕ ЗАВИСИ КАКО ЌЕ ЗАПОЧНЕ СЛЕДНАТА УЧЕБНА ГОДИНА

0
702

И во наредната учебна година, министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од МОН, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство.

“Одлуката за новата учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, се останато е шпекулација и е спротивно на интересите на граѓаните и учениците. Сите се пред време информирани, пред време обучувани, пред време поставени сите елементи. И оваа година ќе знаат на време кога и како ќе се почне учебната година. тоа не зависи само од Министерството за образование и наука, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и јас сум сигурна ќе најдеме најдобро можно решение затоа што гледате дека оваа година бевме една од ретките земји која што немаше воопшто застанување на образовниот процес надвор од календарот. Како што ветивме дека ќе почнеме, така и ја завршуваме учебната година. Од една страна образованието без прекин се спроведуваше, а од друга страна се заштити јавното здравје на учениците и наставниците” – рече таа.

“И наредната година ќе се оди со безбеден пристап. Кој и каков ќе биде, кога ќе одлучиме, јавноста ќе биде информирана. Да ја завршиме соодветно оваа учебна година, да ја спроведеме матурата и понатаму да донесеме одлука на кој начин ќе почнеме од 1. септември” – рече таа.

Царовска информира дека Министерството за здравство ги има ставено наставниците од прво до трето одделение во приоритетната група за вакцинирање.