ТАЛАТ ЏАФЕРИ: РАБОТАМ ПО СОБРАНИСКИ ПРОЦЕДУРИ И РОКОВНИК, НЕ СМЕАМ ДА ГО ПРЕКРШУВАМ ДЕЛОВНИКОТ БИДЕЈЌИ ЌЕ ОДГОВАРАМ ПРЕД УСТАВЕН СУД

0
790

Во емисијата “Само интервју” на Канал 5, гостин беше спикерот на Собранието, Талат Џафери. Тој искажа поддршка за вакцинацијата на пратениците, веќе 2/3 од нив беа вакцинирани за неколку часа. Исто така и вработените во собраниските служби беа дел од оваа група за вакцинација. Рече дека не треба да се политизира здравјето на луѓето, не е пресудно со која вакцина би се извршила имунизацијата бидејќи нејзината ефикасност е најбитна и советите на стручњаците на медицината. Во мај и јуни очекува да се нормализира работата на Собранието откако сите пратеници ќе ја примат и втората доза.

Протоколот од Комисијата за заразни болести беше потпишан од Џафери уште пред конститутивната седница а тоа беше реализирано и со гласањето за Владата и носењето на пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери како суспектен на корона за да може да гласа како дел од новото мнозинство. Потоа беше предложено и за Деловникот да можат изолирани пратеници да работат и гласаат од дома но тие измени беа блокирани со илјадници амандмани. Потоа беше овозможено да може пратеникот кој што може да присуствува на седници, со дополнет здравствен протокол да може да дојде во Собранието, со дезинфекција да се воведе во посебна просторија од каде ќе може да ја следи седницата и да гласа.

Објасни дека ги следел законите и деловникот за работа при закажувањето на 32-рата и 36-тата седница во Собранието. Тој го претстави гласањето за петтиот пакет економски мерки како исправна постапка со почитување на сите здравствени протоколи за работа на Собранието во корона криза. Рече дека за 32-рата седница била предвидена расправа три дена, на 13-15 март и дека согласно роковникот не можела да се одложува. Последна точка на таа седница беше стратегијата за борба против корупција и уште 10 говорници. На почеток на таа седница, веднаш беше побаран прекин но не сакаа да се откажат од збор и да се премине на 36-тата седница. Претходно таа седница можела да помине и на 9-ти март но ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата намерно спречиле кворум за работа а законот е јасен дека без кворум не може да продолжи работата на Собранието.

Додаде дека со пратениците не комуницира преку електронски медиуми или преку фејсбук туку си има официјални канали, процедура и координација со пратеничките групи. Затоа почитува собраниски процедури и рокови за закажување на седници, точките за дискусија не може самоволно да ги тргне од дневен ред бидејќи за прекршување на Деловникот би бил повикан на одговорност пред Уставен суд.