Заев: Зад Могила ќе застане силна жена, борец, која ќе работи за сите граѓани

0
1577

„Могила може да го фати чекорот за сигурна иднина како и цела Македонија“, порача синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред жителите на општината.

Истакнувајќи дека квалитетот на живот на секој поединец зависи од општините тој побара поддршка од граѓаните за идната градоначалничка Јасмина Гулевска.

„Како искусен човек кој 12 години водел општина сакам да соопштам дека сите граѓани на општина Могила може да сметаат на 100 проценти поддршка од Зоран Заев, од Владата и од парламентарното мнозинство“, потенцираше Заев.

„Стојам заедно зад проектите кои значат нова клучка која што ќе ја поврзе општина Могила со општина Прилеп, преку Добрушево, со поврзување на село Канатларци. Стојам заедно за реконструкција на објектите и домови на култура. Стојам за поддршка на се што значи нови водоводи и нови канализации во сите 22 населени места во вашата општина Могила“, порача претседателот Заев.

„Овде граѓаните ќе добијат комплетна поддршка од секој аспект. Со идната градоначалничка, Јасмина, убеден сум дека ќе имаме добра соработка. Заедно ќе градиме добри политики, за отворена и услужна општина којашто ќе работи за граѓаните, за сите граѓани“ – додаде тој.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика жителите на општина Могила в недела заедно, сплотени, да изберат промени коишто носат живот за сите.