ВАКЦИНАТА ФАЈЗЕР ЕФИКАСНА 91%, ШТИТИ И ОД ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА МУТАЦИЈА

0
832

Компаниите Фајзер и Бионтек соопштија дека нивната вакцина против Ковид-19 е речиси 91% ефикасна во спречување на коронавирусот.

Повикувајќи се на ажурирани податоци од истражување, компаниите соопштија дека вакцината се покажала како 100 проценти ефикасна во спречување на зараза со коронавирус кај учесници во студијата во Јужна Африка каде што доминира новиот вид на вирусот Б1351 иако бројот на учесници во студијата бил релативно мал – 800.

Новата стапка на ефикасност од 91,3 проценти е пониска од 95 проценти, како што првично беше објавено во ноември со 44.000 учесници во студијата, а оттогаш се појавиле голем број нови мутации на корона вирусот низ целиот свет.