Зеколи: Заев со бомбите ја разоткри мимикријата дека наместо демократска власт, „длабоката држава“ владее од сенка

0
1742

Уривање на системот, кој беше воспоставен во Македонија од 1945 година, за потоа тој систем да претрпи мимикрија во годините на независност на државата, е првиот чекор кон создавањето на современа и напредна држава, вели македонскиот аналитичар Арсим Зеколи во интервју за бугарската агенција БГНЕС a го пренесе македонскиот портал Кирилица. Тој во интерјуто излезот од кризата ја гледа во заминување на владеачката коалција и како што вели декнтаминизацја на системот од Груевизмот и Ахметивизмот.

zekoli-540x338

Прашан дали смета дека Груевски има коруптивни врски со Европската народна партија политичкиот аналитичар Зеколи не ја отфрла таа можност.

Па, со оглед на сите оние скандали поврзани со членови на ЕНП и службеници од други европски институции, обвинети за корупција, не знам зошто тоа би било исклучено и во нашиот случај. Пред извесно време слушавме како висок функционер од ЕНП тврдо ја бранеше политиката на Груевски, и покрај сите веќе обелоденети скандали. Истиот тој лик и функционер е веќе од порано обвинет за сомнителни релации и поддршка кон водството на Азербејџан и како дел од познатата афера наречена „Кавијар дипломатија”. Во прилог на тоа се и тековните скандали со мисијата ЕУЛЕКС во Косово и неверојатните поведенија на некои тамошни меѓународни претставници. Затоа, ЕУ и земјите членки, наместо штури соопштенија и бесмислени самопофалби, би требало да разберат дека во регионот веќе се создава една опасна перцепција за нив, не само како незаинтересирани за борба против криминалот и корупцијата, туку и дека стануваат составен дел од таа мрежа.

Но можната инволвираност на лица од ЕНП во коруптивни афери е само дел од поширок проблем. Кој исто така ги вклучува и бизнис врските помеѓу моќни западни компании со домашни политички кругови и нивните лобирања низ европските престолнини во корист на владејачките партии. Ние сосема добро ја разбираме нивната логика дека тие се во Македонија поради профит, и тоа е нормално. Но и таквите компании и европските политичари не можат да избегаат од одговорноста дека со лобирањата во корист на автократи, корумпирани политичари и еден нео-феудален режим, тие самите наместо кон прогрес, ја буткаат земјата во хаос и банкрот.

Прашан дали има  криза на системот во Македонија, која практично останува без промена од 1945 година се досега,Зеколи вели 

Тоа е клучната поента на севкупната сегашна криза. Ова не е криза само на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ (кои ја донесоа кризата до монструозни димензии) туку на еден извитоперен политички ментален склоп и разбирање на државноста и општеството како тврдина под опсада, поради што се друго – и демократија, и слобода, и плурализам, и човекови права, медиуми – треба да бидат ставени „ад акта“ до некои други времиња.

Тој приод кон политиката е воспоставен со независноста од 1991 година и поради кризите во регионот, се продолжуваше се до денес. Притоа, тој приод воспоставен од постјугословенските политичари и безбедносни служби, постепено се прифаќаше и од новите политички фактори, но и од меѓународната заедница.

Во тоа е најпозитивната нота на „бомбите” на Заев, кому му припаѓа заслугата дека конечно по неколку децении на мимикрија на демократијата, тој пред јавноста ја разоткри и разголе „длабоката држава” (The Deep State) која од заднина управуваше со земјата.

Таа длабока држава беше и се уште е составена од пред се поранешни и сегашни безбедносни службеници, ликови од организираниот криминал, бизнис- тајкуни, делови од Македонската православна црква, МАНУ, новинари и интелектуалци од тнр. „патриотска провиниенција” … До неодамна таа неформална групација беше составена исклучиво од Македонци. Но, снимките на Заев и настаните во Куманово упатуваат на тоа дека е сосема можно да во неа да се вклучени и високи функционери од ДУИ.

Со оглед на се, сметам дека крахот на тој систем не е загроза за Македонија, како што тоа љубат да објаснуваат владините политичари и добар дел од меѓународната заедница. Напротив, сметам дека падот на сегашниот систем, крахот на таа „длабока држава” е всушност првиот и најважниот чекор кон ослободување, отворање и нова шанса за една подобра, стабилна, современа и прогресивна Македонија,изјавил Зеколи за бугарската агенција БГНЕС пренесено од Кирилица.

Целото интервју со Зеколи прочитајте го тука