АПСЕЊЕ НА АНТИВАКСЕРИ ВО СРБИЈА ЗА СВЕСНО ШИРЕЊЕ ПАНИКА

0
188

Српската полиција по наредба на обвинителството, утрово ја уапси Јована Стојковиќ под сомнение дека сторила кривично дело предизвикување паника и немири со ширење лажни вести и објави на социјалните мрежи против вакцинацијата. Во тек е голема полициска акција против антиваксерите во која се уапсени пет лица. Ова е само почеток на акцијата за приведувања на антиваксери.

Претседателката на движењето “Живеам за Србија”, лекарката Јована Стојковиќ попладнево ќе биде однесена во Палатата на правдата на сослушување во Обвинителството за високо технолошки криминал. По сослушувањето ќе биде познати дали обвинителството ќе бара од судот да и’ одреди некоја мерка за забрана или притвор.