СЗО: НЕПРИФАТЛИВО БАВНА Е ВАКЦИНАЦИЈАТА НА СВЕТСКО НИВО

0
763

“Вакцинацијата во Европа против Ковид-19 е неприфатливо бавна” – рече европскиот раководител на Светската здравствена организација, предизвикувајќи загриженост дека доцнењата во давањето дози може да ја продолжат пандемијата како што се шират случаи на варијанти.

“Само 10% од населението во Европа примиле една доза на вакцина, а 4 проценти ги добиле двете дози” – рече Ханс Клуге.

Европа беше побавна од Велика Британија и САД не само при нарачката на вакцините минатата година од компаниите туку и при нивно одобрување. Дури и откако тие беа одобрени од ЕУ, стапките на вакцинации во голема мера заостануваат зад британските и американските напори.