ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ВО СОБРАНИЕ ЌЕ БИДАТ ПОПИСОТ И ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

0
651

Почна пленарната седница за измена и дополнување на Законот за попис на населението и за Законот за промена во изборниот законик. Пратениците изгласаа двата закони да се носат по скратена постапка. Против пописот гласаа само седум пратеници, додека кај измените на изборниот законик сите 102 пратеници беа “за”, т.е. одлуката се донесе едногласно.

Сега на ред е Комисијата за европски прашања да расправа за законот и потоа да се гласа на пленарна седница.

Законот за попис треба да овозможи да се одложи пописот во септември, а измените во изборниот законик треба да овозможат на следните локални избори да се користи отисок од прст при гласањето и да бидат одложени изборите за крајот на октомври, односно почетокот на ноември.

Претходно координаторот на АА/А Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот бидејќи бил штетен за Албанците.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми порача дека пратенциите на ДУИ веќе 20 години водат визионерски политики.

Спикерот Талат Џафери рече дека не го интересираат политички договори туку дека се води од собраниска процедура.