ПРИТИСОК ОД САД: ПО ВМРО-ДПМНЕ, НА РЕД Е КОНСТРУКТИВНА ОПОЗИЦИЈА ВО СОБРАНИЕ ДА БИДАТ АЛИЈАНСАТА И АЛТЕРНАТИВА

0
232

Откако Алијансата за Албанците и Алтернатива блокираат сѐ можно во Собранието и го запреа усвојувањето на реформските и економските закони, денес интервенираа САД преку амбасадорката Кејт Брнс која побара од нив да бидат конструктивна опозиција.

Амбасадата преку соопштение на својата Фејсбук страница објави дека амбасадорката Брнс разговараше денес со лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин села и Африм Гаши за да ја нагласи потребата за конструктивна и ангажирана опозиција. Амбасадорката Брнс ги охрабри двајцата лидери да работат заеднички со другите партии за решавање на итните предизвици со кои се соочува земјата.