СТРАВОТ ОД ДЕКРЕТОТ НА БАЈДЕН ПОЧНА ДА ГО ЧУВА ЛОЗЈЕТО: ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСАШЕ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА СО УСТАВНОТО ИМЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
907

Пратениците во Собранието ја усвоија Резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ за потврдување на црвените линии во решавањето на спорот со Бугарија. Резолуцијата беше донесена со 95 гласа “за” и со 1 воздржан. Во резолуцијата беше вметнат и амандманот поднесен од мнозинството со кој што се употреби и официјалното име на државата.

СДСМ даде поддршка за резолуцијата со која што се зацврстуваат ставовите на Скопје во преговорите со Софија околу посебноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет. Усвоениот документ е насловен Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции.

Со оваа Резолуција донесена во Собранието, Владата се обврзува да ги почитува црвените линии во преговорите со Софија за надминување на бугарската блокада за почеток на пристапните преговори со ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ со гласањето за резолуцијата со новото уставно име, тивко ја прифати реалноста со Преспанскиот договор имајќи го предвид и декретот на Бајден за казнување на организации и лица кои што би се дрзнале да го опструираат.