ИНИЦИЈАТИВАТА МИНИ ШЕНГЕН СЕ РЕБРЕНДИРАШЕ ВО ОТВОРЕН БАЛКАН: ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА ПОТПИШАА 2 МЕМОРАНДУМИ И 1 ДОГОВОР ЗА ПОБЛИСКА СОРАБОТКА НА ТРИТЕ ЗЕМЈИ

0
703
Иницијативата Мини Шенген се преименуваше во Отворен Балкан (Open Balkan) откако во Скопје претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама потпишаа еден договор и два меморандуми за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал и елиминирање на чекањето на границите.
Сите учесници на Економскиот форум за регионална соработка ја оценија дека ќе се сменат тековите на регионот и притоа ги повикаа и другите земји од Западен Балкан да се приклучат.
Олеснувањето на движењето на работната сила ќе им овозможи на луѓето од трите земји да работат под еднакви услови во било која од нив. Прво се потпиша меморандум затоа што Северна Македонија и Србија треба да направат промени во националните законодавства. Тоа треба да се реализира до 15 октомври и веќе во ноември, во Белград да се соопшти дека трите земји се подготвени за примена на оваа новина од следната година. Трите земји исто така се уверени дека непотребните чекања на границите ќе станат минато од почетокот на 2023 година.
Во рамки на Економскиот форум беа потпишани три документи: Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на извозот, увозот и движењето на стоките на Западен Балкан, Меморандум за разбирање за соработка во врска со слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан и Спогодба за соработка во заштита од катастрофи во земјите од Западен Балкан.