КОВАЧЕВСКИ ЗА УТРЕ СВИКА ИТНА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ И ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА СДСМ

0
490

Премиерот на Република Северна Македонија  Димитар Ковачевски за утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ.

Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш по одржувањето на лидерската средба, а по промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои ги прифатија уставните измени за нивно учество во Влада за европска иднина.

Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.