МИТКО ЈАНЧЕВ ЌЕ ДОНИРА 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДО МОМЧЕ, ГИ ПОВИКА СОГРАЃАНИТЕ НА СОЛИДАРНОСТ

0
362

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ќе одвои 10.000 евра за лекувањето на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, на кого му е потребно скапо лекување на клиника во Турција. Апелот за помош на момчето на кое му е дијагостициран канцер веќе неколку денови се споделува на социјалните мрежи.Како што појаснува Јанчев, тој бил во контакт со неговото семејство уште од првиот ден на објавата, а Бошко и неговиот најстар син Никола биле врсници.

-Од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.
Од семејната фондација Никола Јанчев ќе бидат одвоени финансиски средства во изност од 10.000 евра, се со цел да започне процесот на лекување.
Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.

Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму.-истакна градоначалникот.
Според објавата на семејството, на Бошко му се потребни околу 75.000 евра за лекувањето. Сите кои се во можност, може да донираат со повик на Т-Мобиле на 143 193, или пак на сметката објавена на фотографијата.