СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ 200 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАЕМ ОД ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КОРОНА КРИЗАТА

0
780

Со цел ублажување на последиците од пандемијата, Владата на Србија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпишаа финансиски договор за заем вреден 200 милиони евра, со кој ќе се обезбеди поддршка на малите и средните компании.

Договорот го потпишаа министерот за финансии, Синиша Мали и потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова.

“Овие 200 милиони евра заем од ЕИБ ќе бидат искористени преку Фондот за развој на оние компании кои што се’ уште не добиле пари од државата, со цел да се ублажат негативните последици од пандемијата” – рече министерот Мали.