БУГАРИЈА ЌЕ ГО КОРИСТИ ЕВРОТО КАКО ЕДИНСТВЕНА ВАЛУТА ПО ЈАНУАРИ 2024 ГОДИНА

0
859

Во Бугарија е усвоен нацрт-националниот план за воведување на еврото од 1-ви јануари 2024 година.

Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица.

Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. По воведувањето на еврото, во рок од еден месец левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање.