Премиерот Зоран Заев не е запознат со битните детали за уапсениот дипломат Миле Миленкоски кој сега се наоѓа во екстрадициски притвор во Србија. Најави дека ќе се постапи согласно сите меѓународни договори што сме ги прифатиле и ќе се побараат правни акти за заштита на било кој наш граѓанин.
“За дипломатите додека не ги побара некоја земја, важат истите права како и за секој граѓанин. Ние навистина не можеме да преземеме какви било дејствија за наш граѓанин ако тоа некој не го побара. Земја која е развиена демократија, ги почитува меѓународните договори и клаузули. Ние ќе постапиме соодветно по тоа. Но секако, се работи за наш граѓанин, должни сме да ги штитиме нашите граѓани, но истовремено да го штитиме и законот и меѓународното право” – рече премиерот Заев.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го спомена и техничкиот министер Наќе Чулев во врска со уапсениот дипломат. Спасовски рече дека потерницата од страна на Еременија била распишана на 25 февруари 2020 година.