И ГРАЃАНИТЕ АКТИВНО ПРИДОНЕСУВААТ ЗА УСПЕШЕН ПОПИС ИАКО ДЕНЕС ИМАШЕ ТЕХНИЧКИ ДЕФЕКТИ СО ИНТЕРНЕТОТ ОД ТЕЛЕКОМ, СИМОВСКИ: ПОПИСОТ НА ТЕРЕН СЕ ОДВИВА БЕЗ ИНЦИДЕНТИ, ГИ ИНФОРМИРАМЕ ГРАЃАНИТЕ ЗА ЦЕЛТА НА ПОПИСОТ

0
641

“Имавме проблем со интернет конекцијата, ама не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен, Телеком работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро тоа ќе се отклони и да немаме проблем во работата” – изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Тој и заменик-директорот Илми Селами беа во посета на Тетово за да видат како тече пописот во овој регион. И во работните часови денес, попишувачите успеваа да го спроведат пописот во голем број домаќинства.

Директорот Симовски оцени дека населението масовно го прифаќа пописот и само мал број луѓе ги одбиле попишувачите.

“Мислам дека овој процес ќе биде успешно завршен на крајот и сите ќе се радуваме на крајот на септември и дека сме го завршиле овој процес после цели 20 години. Многу малку инцидентни случаи, кои што се занемаралив број и таму првично што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем. Не би сакале во моментот, попишувачот да го ставиме во таква ситуација. Таму ќе отидат нашите државни инструктори да им објаснат малку подобро и веруваме дека нема да има проблем и во тој дел. Сега засега се многу малку инцидентни случаи” – рече Симовски.