СО ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ, МИЦКОСКИ ПОВТОРНО ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА: ЗАЕВ ВО БРИСЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ СЕ СОГЛАСИ НА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА, А ВО МАКЕДОНИЈА НИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ

0
959

“Компромис за македонскиот идентите, јазик и култура не може да има и тоа што се бара од Македонија не е европска вредност. Затоа премиерот Зоран Заев мора веднаш да си замине и да се распишат превремени избори” – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во Брисел на Парламентарното собрание на Европската народна партија.

“Истата причина за која што имаше предвремени избори во 2020 година сега можеби е уште посилна, бидејќи условот е многу посилен, а тоа е што се бара компромис кој што ќе биде на штета на македонскиот народ, на македонската нација, посебност, традиција, јазик, култура. Тоа не беше случај во 2020 година, бидејќи тогаш блокираше Франција, но блокираше од други причини, а тоа беше методологијата за преговори. Се коригираше методологијата, објективни беа и веќе Франција понатаму не го блокираше процесот” – рече Мицкоски.

Потоа тој продолжи со нови обвинувања и побара предвремени парламентарни избори.

“Зоран Заев ветува дека сѐ ќе потпише во Брисел, а во Македонија вели дека тоа не е точно. Јас не гледам ниту една причина зошто да остане на тоа место каде што е таму, односно премиер на Македонија. Така што веднаш да се повлече и да распишеме предвремени парламентарни избори” – нагласи Мицкоски.