МЖСПП: НА 13-ТИ ЈУЛИ ЗАПОЧНУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЛИНДАНОТ ОД МАЛАТА ДЕПОНИЈА КАЈ ОХИС

0
824

“На 13-ти јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС” – информираше Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци. Веќе се обезбедени 8,4 милиони евра од заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Од МЖСПП велат дека во тек е и постапка за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија за влијанието врз животната средина и дека до 2022 година се очекува да се започне со изградба на инфраструктурата за регионални депонии во Полог, Јужниот и Северозападниот регион.

Во оваа фаза ќе се гради само инфраструктура за самите депонии, како и набавка на камиони за собирање на отпадот, додека во втората фаза се предвидува и обезбедување на услови за преработка и селекција на отпадот.