НИЕ СМЕ ВЕЌЕ ВО ЗЕЛЕНА ЗОНА ПОРАДИ НИСКИТЕ ДНЕВНИ ВРЕДНОСТИ НА КОРОНАВИРУСОТ, Д-Р ДАНИЛОВСКИ: ДА ГИ ПОДГОТВИМЕ ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ПРОТИВ ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА

0
783

“На ниво на статистичка грешка се бројките со корона вирусот во нашата земја во последните три дена” – рече епидемиологот д-р Драган Даниловски на тема “Вакцинација и предизвици со Ковид-19”.

Инциденцата е со вредност 7, а според Европскиот центар за контрола на болести 20 е границата за да се прогласи најнизок ризик. Ако две недели се држи под 3%, се прогласува зелена зона, а кај нас 3 недели е под 1%, односно последните денови 0,3% и е во доменот на статистичка грешка.

“Ние практично немаме вирус во циркулација. Тоа е така со актуелниот тип вирус. Делта вирусот е сосема нешто друго. Оваа поволна ситуација дава можност соодветно да се дизајнираат мерките за заштита на јавното здравје. Нема потреба од никакви рестрикции, освен што останува работа на здрав разум, секој од нас во затворен простор да носи маска од причина што сѐ уште имаме спорадични случаи дневно. А маска нема да има потреба да се носи ако 28 дена нема ни еден нов случај” – вели д-р Даниловски.

“За индискиот мутант или делта варијанта, која ја имаат 92 земји во светот, веројатно и нас нема да не одмине” – смета д-р Даниловски.