ЛЕШПЕР ЕДЕН, А ШТО Е СО КОМПРОМИСИТЕ КОИ ГИ ПРАВИМЕ КАКО ЗЕМЈА 30 ГОДИНИ НАНАЗАД ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕ ИЛИ ТИЕ НЕ ВАЖАТ?! СПОРЕД БОРЕЛ ЈА РАЗБИРАЛ РАЗОЧАРАНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ НО НЕ МОЖЕЛ ДА ИСПОРАЧА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ НО МОЖЕЛ ДА ВЕТИ ВОЛЈА?!

0
791

Потпретседателот на ЕК, Жосеп Борел на прес-конференцијата во Владата во Македонија истакна дека го разбира разочарувањето на македонските граѓани поради непочнатите преговори за членство во ЕУ на нашата земја.

„Го разбирам разочарувањето кај луѓето од Северна Македонија. Јас доаѓам од Шпанија и ние мораше долго да чекаме и ги разбирам вашите чувства. Преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија е проценка и заложба. Одлуките на Владата ја поврзуваат земјата со вредностите на ЕУ, но јас не можам да ви ветам датум, туку само волја“, рече Борел.

Со ваква забегана изјава во јавноста се појавува вториот човек на ЕК, Борел, тогаш се поставува логичното прашање, што се треба оваа мала сиромашна земја да направи за да доживее процвет како другите развиени европски земји?! Што е со 30 годишните компромиси, што е со чекалната на чија листа сме ставени да чекаме?! Што треба ова да значи?! Не умри коњ до зелена трева или?! Навистина една шокантна и лешперска изјава на вториот човек на ЕК поврзана со интеграцијата на земјава каде не упатува на компромис со Бугарија околу билатерално прашање кое според експертите за надворешна политика тоа не треба да ја попречи земјава за да стане полноправна членка на ЕУ.