ФОРМИРАНА НОВА СОВЕТНИЧКА ГРУПА ВО СОВЕТОТ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ!

0
1605

Денеска во Советот на Градот Скопје беше формирана нова советничка група наречена “За модерно Скопје”.Советничката група ја формираа советникот од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски и независната советничка која на напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Витина.

Во продолжение обраќањето на Александар Трајановски:Колегата Трајко Славевски минатата седница ни го ускрати правото на збор на мене и колешката Витина, грубо го прекрши деловникот и не дозволи формирање на нова советничка група од само за него познати причини.