ИЗРАЕЛ УСВОИ ПРОПИСИ ЗА ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ

0
239

Владата на Израел усвои регулативи кои ќе овозможат привремено затворање на канцелариите на странските медиуми за време на вонредни и воени состојби, доколку се верува дека тие ѝ штетат на националната безбедност.
Министерот за комуникации Шломо Кахри побара усвојување на овие регулативи со цел да се затвори каналот Ал Џезира, за кој тврди дека и наштетил на националната безбедност.

Прописите, исто така, се однесуваат на настани што веќе се случиле, што значи дека емитувањата на катарската телевизија од почетокот на војната може да се користат за да се донесе одлука за затворање на локалниот огранок на пропалестинскиот канал за вести.

– Израел е во војна, на копно, во воздух и на море, како и на фронтот на јавната дипломатија. Ние на ниту еден начин нема да дозволиме преноси кои ѝ штетат на безбедноста на државата. Емитувањата и извештаите на Ал Џезира претставуваат поттикнување против Израел, помош за Хамас – Исламска држава и терористичките организации и со својата пропаганда поттикнува насилство врз Израел, наведе Кархи.

Врз основа на новите прописи, министерот за комуникации, во договор со министерот за одбрана, ќе може да нареди прекинување на емитувањето на одредени медиуми, затворање на нивните канцеларии, одземање опрема и затворање или ограничување на пристапот до веб-страницата.Одлука мора да биде одобрена од кабинетот за безбедност и да се заснова на правното мислење на службата за безбедност дека медиумите ѝ наштетуваат на националната безбедност и може да бидат разгледани од окружен суд.Одлуката ќе важи 30 дена, но може да биде продолжена за уште толку денови. Прописите ќе важат три месеци или додека Владата официјално не прогласи крај на вонредната состојба