Се огласи и Турската амбасада за настапот на Лаки : Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи согласно со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именуваното лице ги превземе соодветните мерки

0
1752

Синоќешниот (10 февруари) недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија Драган Павловиќ Латас кон великиот турски народ на најсилен начин го осудуваме.
Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именованото лице кое во основа и порано покажало смелост да во своите разни емисии и изјави користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и Турците.

Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле.

Именуваното лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став.

Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи согласно со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки.

Во врска со овој неприфатлив став во тек се и интервенциите пред органите на Македонија.