СЛАВЕСКИ ЈА ПОДДРЖА ЛАГАТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА ЗА ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: ОВА ЌЕ ГО РЕАЛИЗИРАМЕ ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ И ЌЕ НАБАВИМЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ

0
1323

Новиот Претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“.

“Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз” – изјави Славески.
За напуштањето на БРТ системот за јавен превоз во Скопје, Славески изјави дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе ја има нивната поддршка.

“Ќе го поддржиме нејзиното мислење за овој проект” – рече Славески. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваше Арсовска во изборната кампања и ќе се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси.