“Продолжуваме со проектите, сакаме да покажеме дека Македонија можела поинаку. Народот на Македонија заслужува проекти, заслужува напредок, заслужува вистински прогрес, не оној полумафијашки прогрес кој што го гледаме од страната на Владата во заминување предводена од СДСМ и ДУИ” – изјави Мицкоски во Кисела Вода.
Тој порача дека Владата на СДСМ сигурно ќе замине и тоа треба да се случи на избори што поскоро.
“Апелирам да се соземат и да разберат дека се поразени, да има избори и да дојде народна влада. Вистинска прогресивна влада. Сега имаме 60 пратеници на опозицијата, 59 на власта и еден кој не знам каде е” – рече Мицкоски.
“За мене од овој пратеник што читаше од лист со бела позадина, поголем срам е што пратениците се бојкотираа сами себе. Замислете каква дрскост, не им дозволија да бидат дел од процедурата, од парламентот. Тие се избрани од народот и треба да работат за народот” – револтиран прокоментира Мицкоски за пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на буџетот од кој пензионерите земаат пензии а други лица земаат плата.
“Имаме повеќе од 220 амандмани и очекуваме да бидат прифатени од оваа власт во заминување. Треба да ги поддржат затоа што се за народот кој сака подобар живот” – рече Мицкоски.