СЕКОЈ ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ ЛИЧНА ОДГОВОРНОСТ КОН ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ОПФАТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ПОЛНОЛЕТНИ ЛИЦА СО ЕДНА ДОЗА Е 58% А СО ДВЕ ДОЗИ 48%

0
609

“Вчера беа дадени вкупно 4207 дози вакцини, од кои 1515 беа аплицирани како прва доза, 930 беа ревакцинирани, а 1732 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817 079 граѓани, ревакцинирани се 786 941, а трета доза примиле 58 132 граѓани” – соопшти Министерството за здравство.

57% отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години.