ЗА ВМРО-ДПМНЕ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ШТЕДЕЊЕ СЕ ПОСЛЕ СВАДБА ТАПАНИ

0
768

Од ноември, од кога владата на СДСМ и ДУИ знаелa за кризата, потрошиле над 2 милионa евра за луксуз. Мерките на штедење кои сега ги промовираат се според народната – „после свадба тапани“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиската реакција се наведува дека за овие 5 месеци владата потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.

„Министерството на Артан Груби потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.

МВР во време на криза набавило мебел во вредност од 250.000 евра, а министерствата на Маричиќ, Османи и Николовски околу 2,5 милиони денари за перење на возила и мебел.

Нема институција која не правела непродуктивни трошоци во време на криза. Додека народот едвај крпи крај со крај власта на СДСМ и ДУИ во време на кризи потрошила 2,5 милиони евра само за набавки на службени возила со парите на граѓаните“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека само во последните три години земјата е задолжена за дополнителни 2,2 милијарди евра.