СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ПРИМЕНИ ВАКЦИНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ БИДАТ ПРЕПОЗНАЕНИ И ВО АПЛИКАЦИЈАТА COMMONPASS, ФИЛИПЧЕ: ВО КООРДИНАЦИЈА СО ЕУ, НАШИТЕ СЕРТИФИКАТИ ЌЕ ОВОЗМОЖАТ ПОЛЕСНИ ПАТУВАЊА ВО ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ

0
567

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека имаме безбеден систем за пријавување и за покажување на сертификатите за вакцинација против ковид-19.

“Во изминатите недели претставници на Министерството разговараа со Commonpass, но и со претставници на ЕУ. Сега апликацијата Commonpass, која што секој граѓанин ќе може да ја симне на својот мобилен телефон, има код за нашата земја и со тој код се препознаени сите сертификати и сите вакцини кои се дадени кај нас. Тоа значи дека таков еден сертификат од системот “Мој термин”, секој граѓанин може да симне, да се пријави на сајтот vakcinacija.mk. Тука се двата сертификати на располагање, еден од нашиот систем – нашиот код и еден кој одговара на системот Commonpass. Кога тој сертификат ќе се преземе во апликацијата Commonpass препознатлива насекаде во ЕУ и тоа е нешто што не може да се лажира” – рече министерот Филипче.

Одобрување за ова веќе дала ЕУ и на 19-ти август тоа треба да се официјализира.