АЛБАНЦИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА САКААТ СТАБИЛНОСТ И ЕВРОАТЛАНТСКА ИНТЕГРАЦИЈА, ИЛИР МЕТА: ПО 20 ГОДИНИ ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, ПОСТИГНАТ Е ЗНАЧАЕН НАПРЕДОК ВО НЕГОВОТО ПОЧИТУВАЊЕ

0
393
“На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување на односите, како и зближување едни со други и Европската унија” – објави поранешниот албански претседател Илир Мета.
Тој тврди дека Албанците во Северна Македонија, во изминатите две децении освен што биле посветени само на стабилноста на земјата, застапувале и евроатлантска интеграција.
“Братски и горди поздрави до нашите сонародници, за нивната активна, конструктивна и незаменлива улога и посветеност кон суверенитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија” – објави екс претседателот Мета.