БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ НАГЛО РАСТЕ ВО ГРАДОВИТЕ КАДЕ ШТО ИМА НАЈМАЛ ПРОЦЕНТ НА ВАКЦИНИРАНИ, ФИЛИПЧЕ: СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ Е НАЈКРИТИЧНА ВО ТЕТОВО, ГОСТИВАР, КИЧЕВО И КУМАНОВО

0
786

Мал е бројот на заразени помеѓу вакцинираните граѓани. Бројот на новодијагностицирани случаи во последните денови во државата нагло расте особено во градовите кадешто е помал опфатот на вакцинирани граѓани. Според динамиката со која што бројот се зголемува, пред нас се неколку денови или недели во коишто ситуацијата може да биде навистина критична.

Тетово, Гостивар, Кичево и Куманово во моментов се најкритични, за разлика од Охрид, кадешто има скоро 50% опфат со вакцинација и во моментов има помалку од 10 пациенти кои што се хоспитализирани. Од вкупно 3497 пациенти коишто се дијагностицирани изминатите 7 дена, 3047 се невакцинирани, што значи само 10% се вакцинирани и се позитивни и тие коишто се во болница и на лекување имаат прилично стабилна состојба.

Она што охрабрува е дека вкупниот број на вакцинирани во нашата држава, околу 400 000 ревакцинирани од околу 500 000 со прва доза, само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека само вакцинираните граѓани и таа популација е прилично сигурна и обезбедена. Вакцината е безбедна, тие граѓани немаат никакви компликации и ова е доказ дека е ефективна.

Одличен е одзивот за вакцинација по најавата на новите мерки кои што почнуваат од 16 август, околу 8000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина и ако продолжиме со таа динамика за прилично кратко, разумно време значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ