(ВИДЕО) ЛИДЕРИТЕ НА ЌОСИЊАТА ЈАНКО БАЧЕВ И БУДАЛАТА ВЛАХОВ МИЦОВ СЕ ЗРЕЛИ ЗА ПРОТЕРУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕД ДА НАПРАВАТ ПОГОЛЕМА БЕЉА : СРЕДЕ СУВЕРЕНА ДРЖАВА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР ШЧЕРБАК МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ВОЈНА!!!

0
1816

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, кој попладнево присуствуваше на собирот за поддршка на протераниот руски дипломат, изрази благодорност за поддршката и за, како што рече, чувството на правда кое присутните го покажале пред амбасадата, пренесе Макфакс.

„Со големо жалење морам да кажам дека Македонија се приклучи кон анти-руската кампања која ја спроведуваат неколку држави, а тоа го направи без да истражи. Избрзано, повикувајќи се на лажното чувство на солидарност кон Велика Британија, донесе одлука за протерување на рускиот дипломат кое се случи вчера. Овој чин е преседан, а нанесува голема штета на билатералната соработка. Русија согласно со меѓународните норми мораше да преземе мерки“, рече Шчербак.

Амбасадорот изјави дека Русите разбираат оти овој чин не е на македонскиот народ кон нивната земја и истакна дека провокативните фејк вести според кои Русија се заканува да застане против интересите на Македонија се злонамерни и неточни.

„Со народот на Македонија нè врзуваат вековните врски и општите заеднички вредности. Ние ја признаваме Македонија под уставното име, а го признаваме и вашиот територијален интегиритет и независноста на земјата“, рече Шчербак.

Собирот беше организиран од страна на партијата Единствена Македонија, која се залага за блиска соработка со Русија и е против идејата за приклучување на земјата кон ЕУ и НАТО.

Видео – Макфакс