Јанкулоска и Мијалков ја договараат пресудата за случајот „Сопот“, во кој загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски државјанин

0
1134

jankulovska-mijalkov

Случајот „Сопот“ е решен надвор од судницата. Станува збор за судски процес по тргичен настан кој се случил пред 12 години и во којшто, од подметната еклозививна направа, загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски државјанин.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Горде, што праиш?
ГЈ: Еве кај Кире на еден состанок.
СМ: Ааа.
ГЈ: Ти што правиш?
СМ: Види вака сега.
ГЈ: Кажи.
СМ: Блерим ме бара, ургенции во судство, значи по судовиве, за повеќе предмети.
ГЈ: Аха.
СМ: Меѓу другото и за „Сопот“.
ГЈ: Аха.
СМ: Кажи ми ти на мене сега, тоа што, ние договаравме нешто за „Сопот“. Дали нешто договоривме?
ГЈ: Види, ништо прецизно не договоривме, оти таму нели за „Сопот“ они правеа комисија во Собрание.
СМ: Добро.
ГЈ: Значи, како анкетна комисија…
СМ: Да, направија, тачно.
ГЈ: И доаѓаат цела комисија, значи институционално они беа кај мене. За волја на вистината ништо немаше во кабинет документи, што е нормално, све однеле. И они со тие као, со наодите од анкетната комисија, оти и си сослушуваа, Бучко го викаа, таму не знам некој друг, Хари ли беше, кој беше, не се сеќавам…
СМ: Да и Бучко рекол: Гониме невини луѓе.
ГЈ: И врз основа на тие изјави, зошто реално кај нас у МВР немаше никаква документација за тоа, све е исчистено. И они врз основа на тоа, бараа повторно отварање на случајот. И ние кога преговаравме нели…
СМ: Да.
ГЈ: …за разни работи, они го спомнуваа. И не им дадовме никакво ветување демек ќе го отвориме-не го отвараме, него ќе видиме каква е фактичката состојба. А ова со доаѓањето, со анкетната комисија беше пред Изборите 2011-та. Оној Хајрула Мисини им ја водеше комисијата.
СМ: Да.
ГЈ: Така да, да бидам прецизна ништо конкретно им немаме ветено.
СМ: Добро. Е сега они бараат ослободително.
ГЈ: Види, они, сега да не ме слушаат сите овдека, се тргнав на страна…шиптарската. малку по малку, нешто плус да извадат.
СМ: Јас зборев сега со судство, таму може да се направи и вака и така. Сега што да правиме?
ГЈ: А бе види, ти процени тоа на вагава што ни…што ќе ни донесе. Тие скапаа, тие што се во затвор скапаа во затвор, што сега.
СМ: М?
ГЈ: А реално, мислам кај нас…
СМ: Они колку време се више во затвор?
ГЈ: Па кога беше тоа…многу одамна.
СМ: Две илјади и…пред да дојдеме ние е тоа?
ГЈ: Пред да дојдеме дефинитивно, ама бааѓи пред да дојдеме.
СМ: 2003-та.
ГЈ: Да.
СМ: Се сеќавам на тој случај бе, кога нагазија пољаците.
ГЈ: Ја па да ти кажам ич не го памтам пошто у Англија бев тогаш.
СМ: Го памтам, го памтам ја случајот.
ГЈ: И кога ми дојдоа, знаеш ко некој дојден од странство ништо не знам.
СМ: И они го имаат докажувано нашиве, со ќутек.
ГЈ: Да, да, да. И немаше реално, значи и таму ние тогаш ги, знаеш у принцип ја ако не се договориме нешто да им даваме, ништо не им давам, кој и да дојде. Ама реално се сеќавам и у книгата на настани имаше нешто незаведено, баш што викаш со ќутек.
СМ: Да.
ГЈ: Значи немаше предмет таму. Нешто пишуваше, они се бунеа, демек човекот го снемало тој што бил како сведок за „Сопот“ и после одеднаш човекот сам признава дека било…
СМ: Значи они имаат окапано, имаат одлежено и сега ако се повлечат обвиненијата што? Они одлежале и вака и така.
ГЈ: Они одлежале…
СМ: Ама тоа ќе биде од друга страна, значи сме ги осудиле, лежеле луѓено…
ГЈ: Е па тоа е проблемот,
СМ: Тоа што лежеле.
ГЈ: И плус ќе тужат за штета, за сите тие работи, толку време.
СМ: Не, договорот би бил да не тужат.
ГЈ: Ти направи муабет, ако може нешто така на средина. Не знам ни на колку се осудени, многу време се они таму.
СМ: На 14 години беа осудени.
ГЈ: Е па што, имаат уште…или некако некое помилување да биде…
СМ: Уште 4 години, ха, ха, ха.
ГЈ: Ама добро, знаеш, не се малку 10 да ги одлежиш во затвор, ха, ха. А 10, а 20 биле, не ги броиш после 10. Нешто ако може со помилување, со намалување на казна, со предвремено пуштање, нешто така да се направи.
СМ: Види сега, нив им е, да може да се иде со таа …
ГЈ: Нив им е политички.
СМ: Да, нив им е политички,
ГЈ: Нив им е политички дека невини луѓе лежеле.
СМ: Оти ние со ова ќе признаеме дека сме ги гонеле затоа што се шиптари, а не затоа што се они виновни …
ГЈ: Да де да. Нив им е политички да поентираат.
СМ: Можда е добро да се каже, нека си го осудат а ние веднаш ќе направиме помилување да излезат.
ГЈ: Да де да. Оти тие и така реално, тој што е во затвор 10 години, одлежал тој. Нешто така да се комбинира.
СМ: Судот е убеден дека они се сторители, можда некој не е, ама не ги кажува ги кријат.
ГЈ: Види, они ќе си го продадат јако кај нив. Дека го издејствувале „Сопот“, монтиран случај, таа им е нив реториката. Монтирани случаи против Албанците.
СМ: А бе и да е монтиран, не е монтиран од нас, монтиран е од ЕС-ДЕ-ЕС, само…
ГЈ: Не, сакам да ти кажам нив што ќе им биде тезата.
СМ: Они мислат дека се осудени у време на ЕС-ДЕ-ЕС.
ГЈ: Па така некако или во секој случај, тогаш е почнато судењето. Да е пресудата после…
СМ: Тоа е почнато во 2003, сигурно во 2006-та се осудени.
ГЈ: Не, ама и да е, во наше време да паднала пресуда, небитно е, он влегол у затвор у друго време, друга гарнитура политичка. Знаеш, ако е монитран, не сме го монтирале ние, така? На нив тоа им е.
СМ: Не знам, може треба за ова да збориме и со премиерот.
ГЈ: Па можда не лошо да, мислам ти…види што све му е на овој на листата…
СМ: Кој беше тогаш кога разговаравме? Ја, ти бевме, кој беше друг со нас?
ГЈ: За Влада кога преговараме? А бе се мењавме поише луѓе, нели беа у некоја фаза…
СМ: Не, за „Сопот“ кога разговаравме. Се сеќавам ние дека разговаравме за „Сопот“.
ГЈ: За „Сопот“ не ми текнува кој беше. Не ми текнува, нели ние за повеќе работи разговаравме. И кај Трајко некогаш се собиравме за јазикот кога зборевме, сега не ми текнува точно на која средба „Сопот“ го зборевме. Дали беше на крај, само кога бевме кај премиерот со Али. Ја, ти, премиерот бевме, а од нивна страна беа Абдулаќим и Муса, и Али. Па после нели они двајца излегоа на тераса, ние нешто…
СМ: Ама ние им дадовме некој одговор, се сеќавам ја за „Сопот“ дека нешто ќе правиме, дека ова, дека после избори дека кога ќе ја направиме Владата, нешто ќе гледаме да направиме, немаше ништо конкретно ама…
ГЈ: Ама не им дадовме конкретно дека ќе знаеш…ослободување или ова или она. Конкретно дефинитивно не сме им дале, оти нив тоа им беше, демек еве да се исправи неправдата, „Сопот“, комисијата…И ние за комисијата бевме конструктивни. Значи тогаш се формираше, доаѓаа кај нас у МВР…
СМ: Види они може го имаат убедено Али дека тоа не се виновниците, знаеш.
ГЈ: Па не, сигурно…
СМ: И он сега мисли дека невини луѓе лежат, знаеш.
ГЈ: Да де да. Само треба и со премиерот да го издискутираме ова.
СМ: А тоа дека немало многу докази, немало.
ГЈ: Не, не. Ја ти викам, немаше ни документи, ни ништо, ни во книгата…
СМ: Така да може да се повлечат овој и да се донесе ослободителна. Ако се донесе ослободителна, што знам, тоа многу лошо звучи, за 10 години ослободителна…
ГЈ: Неубаво звучи за нас, знаеш. И за целото судство неубаво звучи. И плус што нив им е таа тезата, дека политички монтиран случај, овие одлежале…
СМ: Еве го Блерим ме бара на другата линија.
ГЈ: Е па он со неговата мака. Ти нешто за „Сопот“ мислам малку…другиве работи ако е нешто поитно со датум врзано, кажи му за ова чекај малку, да се потсетам, што беше-како беше, купи му време, што да кажам.
СМ: Не бе, ја му купувам више недела дена. И вчера требаше да се видиме, а денеска еве па ме бара.
ГЈ: Сабајле бевме со него заедно за ова, за дрога палење во Југохром…
СМ: Аха.
ГЈ: Па не ми спомна ништо мене. Мислам се видовме, еден до друг стоевме. Ништо не ми спомна.
СМ: Да. Еве го ме бара сега.
ГЈ: Но дефинитивно нешто конкретно им немаме ние ветено.
СМ: Знаеш што мислам ја да му речам? Ја мислам да му речам, да се оди сега со пресуда, а веднаш после тоа да добијат помилување, пошто одлежале.
ГЈ: Тука е вака најопортуно. Ем они надвор…
СМ: Најопортуно е и
ГЈ: Да.
СМ: Ни по баби, ни по стричева.
ГЈ: И за системот.
СМ: Ама они нема да го сакаат тоа.
ГЈ: Не, они сакаат…нив им е…
СМ: Политичко поентирање.
ГЈ: Нив па ти им е гајле за некој Шиптар во затвор. Затворине се полни со Шиптари. Нив им е политички да испоентираат и сега им е сезона. Нели они 13-ти август го таргетираат ради Рамковниот. И стално овој период ни праат вакви работи. Тоа им е на нив шемата.