СЕ БАРА КОНСЕНЗУС ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ЗАЕВ: ПОДДРЖУВАМЕ ПОГОЛЕМА ЕТНИЧКА РАЗНОЛИКОСТ И ПОГОЛЕМА ЗАСТАПЕНОСТ НА ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ВО СОБРАНИЕ

0
1029

Премиерот Зоран Заев се надева дека ќе биде постигнат консензус околу Изборниот законик. Делот околу препораките на ОБСЕ/ОДИХР е усогласен со претставниците на парламентарните партии и дека остануваат уште дебатите околу предлозите на власта, опозицијата и помалите партии.

Според него, мнозинскиот модел што го бара опозицијата за владејачката партија е уназадување во демократските процеси.

“Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификaција или поголема разноликост на парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии и ќе ја унапреди демократијата во државата, ќе гарантира поголема застапеност и на помалкубројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата бара мнозински модел. Според нас, тоа е уназадување” – рече премиерот Заев.