Нови 46 заразени во Македонија, од нив 13 во Куманово и 8 во Прилеп, вкупно 663 во земјава

0
951

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови: во Скопје има 12 нови заразени, во Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во:

       Скопје – 273
       Куманово – 143
       Дебар – 49
       Штип – 20
       Прилеп – 46
       Тетово – 30
       Струга – 30
       Велес – 18
       Битола – 8
       Охрид – 3
       Кавадарци – 3
       Гостивар – 4
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка – 3
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 19
       Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Од нив преку Институтот за јавно здравје – 194, преку Ветеринарен факултет – 8, „Авицена“ – 19, „Биотек“ – 24  и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 96. Досега во земјата се направени 6 571 тестирања за ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која Министерството за здравство информираше вчера попладне, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.