КОЦАРЕВ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ : СИТЕ ШТО БАРЕМ МАЛКУ ЌЕ ПРОГОВОРАТ ЗА МАКЕДОНСТВОТО СЕ ЕТИКЕТИРААТ ЗА НАЦИОНАЛИСТИ, ПРЕДАВНИЦИ И ЛАЖГОВЦИ

0
281

НЕ за промена на Уставот, ДА за евроинтеграција на Македонија. Овој став го повтори претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
Тој на денешната конференција изјави дека многу сили во Македонија и ЕУ направиле сојуз на света војна, против македонството. За намалување на неговата видливост, според Коцарев, во државата се промовирале бесмисленост, апсурд, неукост и промена на Уставот, а од друга стрaна, како што кажа, сите оние коишто ќе проговореле за македонството, се етикетирани како „националисти, предавници и лажговци“.

„Меѓутоа, за разлика од оние што инсистираат на промена на Уставот во Македонија, јас се вџасувам и се згрозувам од фактот што, во демократска Европа, во 21 век, воопшто, како граѓанин на оваа моја земја, јас сум принуден да избирам меѓу овие две опции. Мој избор, без колебање, е: НЕ за промена на Уставот и ДА за ЕУ“, изјави Коцарев.

Првиот човек на МАНУ порача дека не може да ја замисли Македонија без Македонците.

„Посакувам Македонците да се обединат околу градењето достоинствена иднина, во која македонството ќе биде нашето суштествување, а Чуповски, Мисирков и Делчев – нашите корифеи“, рече Коцарев.
Инаку, Македонија треба да ги направи уставните измени за да продолжи по европскиот пат. Земјава треба да ги внесе Бугарите во Уставот. Сепак, опозицијата и натаму е против и не сака уставни измени по бугарски диктат.